Слаб снег на планинските превои
- Слаб снег попладнево провејува на Попова Шапка, Маврово, Крушево и на планинските превои Ѓавато, Плетвар и Пресека.

Скопје, 3 март 2025 (МИА) - Слаб снег попладнево провејува на Попова Шапка, Маврово, Крушево и на планинските превои Ѓавато, Плетвар и Пресека.
Од јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози. бак/
Фото: МИА архива