• понеделник, 15 јули 2024

Слаб одзив на обуките за спасители на вода во Охрид

Слаб одзив на обуките за спасители на вода во Охрид
Охрид, 23 јуни 2022 (МИА) – Само осум лица се пријавиле на обуката за спасители на отворени води што ја спроведуваат национални инструктори за безбедност на вода со помош на иснтрукторите на Црвен крст Охрид. Претседателот на Охридскиот Црвен крст Сашо Точков информира дека обуките се во тек и доколку пријавените ги завршат успешно ќе бидат ангажирани на некое од капалиштата на крајбрежјето. - Заедно со останатите спасители кои ни се на располагање од минатите години се надевам ќе бидат доволни да се грижат за безбедноста на капалиштата. Спасители ќе бидат обезбедени за плажите кои имаат концесионери, односно пред хотелите, се разбира на нивно барање. На плажите кои беа преуредени лани од страна на локалната самоуправа имавме патроли, истакна Точков. Според него, спасители би патролирале на најфрекфентните плажи. Како пример ги посочи потегот од Горица 3 до Гранит и кај плажите Канео и Потпеш. - Веќе има интерес од концесионерите, а се надеваме дека сите оние кои сакаат да имаат безбедни капалишта ќе се обратат кај нас. Стоиме на располагање со капацитетите кои ги имаме, а кои не се ни приближно од тоа што го имавме минатите години поради проблемот со иселување на младите и се помалиот интерес за бавење со вакави хумани и благородни професии и покрај нашата мотивација, рече Точков. сс/мс/

Остани поврзан