• недела, 22 декември 2024

Скотланд Јард: Нападот со нож во лондонската џамија не е терористички акт

Скотланд Јард: Нападот со нож во лондонската џамија не е терористички акт
Лондон, 20 февруари 2020 (МИА) - Британската полиција смета дека нападот со нож во централната џамија во Лондон не претставува терористички акт, се посочува во соопштението на прес службата на Скотланд Јард.

-Истражителите на инцидентот во џамијата не сметаат дека тој е поврзан со тероризам, соопшти полицијата.

„Мажот (29), кој присуствувал на молитвата, е задржан внатре во џамијата под сомнение за обид за убиство“, се наведува во друго соопштение на Скотланд Јард.

Жртвата на напаѓачот е возрасен маж, кој добил неколко убодни рани. Тој е однесен во болница и според лекарите нема опасност за неговиот живот.

Британскиот премиер Борис Џонсон реагираше за инцидентот и на Твитер напиша дека е „силно натажен од нападот во централната џамија во Лондон“. сд/

Остани поврзан