• недела, 30 јуни 2024

Скопје утрово 19-то во светот според загаденоста на воздухот

Скопје утрово 19-то во светот според загаденоста на воздухот

Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - Скопје денеска е на 19-то место според загаденоста на воздухот на листата на платформата „Ајкјуер“ IQAir (Светски индекс за квалитет на воздухот).

Според концентрацијата на ПМ-честички во воздухот, измерени во 11 часот по локално време, не се препорачува претстојување на отворено за лицата со чувтвително  здравје.

Најзагадени градови во светот утрово се Делхи во Индија, Дака во Бангладеш и Лахор во Пакистан. Во Европа покрај Скопје, но со умерено ниво на загаденост на листата се најдоа и Киев на 24 место и Софија на 37-то место, покажува Ајкјуер платформата која го мери квалитетот на воздухот во реално време.

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова вчера изјави дека анализите покажуваат дека 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата, но и од јавни институции кои не користат еколошки системи за затоплување.

Таа посочи дека актуелните мерки за заштита од аерозагадувањето се краткорочни, а замената на системи за затоплување со еколошки е долгорочна мерка, но и долготраен процес. Воедно, ги охрабри општините, како што државата спроведува проекти во јавните објекти истото да го прават и тие во рамки на нивни можности. вг/аа/

Фото: МИА Архива

 

   

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан