• петок, 22 ноември 2024

Скопје во ноември ќе биде домаќин на Светскиот шампионат во традиционално карате

Скопје во ноември ќе биде домаќин на Светскиот шампионат во традиционално карате
Скопје, 26 јуни 2022 (МИА) - Бордот на Интернационалната традиционална карате федерација донесе одлука 21. ИТКФ Светски шампионат во традиционално карате да се одржи на 11, 12 и 13 ноември во Скопје. - Организација на најголемото светско натпреварување во традиционално карате е од огромно значење за Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), за Македонија и за македонските каратисти. МТКФ од своето постоење до денес има организирано неколку европски и балкански првенства во Скопје но за првпат ќе организира вакво големо светско натпреварување во традиционало карате, информираат од федерацијата. За време на ИТКФ светскиот шампионат за ветерани, сениори, младинци, јуниори и кадети, предвидено е да се организира и Светски куп за деца „Хидетака Нишијама“ - основачот на ИТКФ и творец на традиционалното карате во светот. - Инаку во 1993 година на 101 Генерално собрание на Интернационалниот олимписки комитет се прецизираше дека традиционалното карате е спортска дисциплина која се вежба, управува и практикува со посебен систем на напревари од страна на ИТКФ. Овој голем карате настан се организира по повод два јубилеи и тоа 55 години занимавање со карате на Венцислав Недев, основоположник на традиционалното карате во РС. Македонија и 30 години успешна напреварувачка меѓународна кариера на Дејан, Аљоша и Јадрнака Недеви, наши најуспешни каратисти, освојувачи на грст медали од европски и светски првенства, стои во соопштението на МТКФ. зс/

Остани поврзан