• петок, 05 декември 2025

Скопјанец возел со 106 км/ч низ Сопотница, демирхисарско

Скопјанец возел со 106 км/ч низ Сопотница, демирхисарско

Демир Хисар, 18 октомври 2025 (МИА) - Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи (ОВР) Демир Хисар на патот Р-1305 во демирхисарското село Сопотница, при радарска контрола констатирале дека патничко возило „ауди" со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ц.(50) од Скопје, се движело со брзина од 106 км/ч во населено место, каде што е дозволена брзина од 50 км/ч.

Од секторот за односи со јавност на СВР Битола информираа дека по документирање на настанот против В.Ц. ќе следува пријава за „безобѕирно управување со моторно возило". мт/сст/
Фото: МИА

 

Остани поврзан