• вторник, 24 декември 2024

Скопските бадникари ќе засадат 30 дабови дрвца на Говрлевска Краста

Скопските бадникари ќе засадат 30 дабови дрвца на Говрлевска Краста
Скопје, 25 ноември 2022 (МИА) - По повод 30 години успешна активност, скопските бадникари претстојниот викенд ќе засадат 30 млади дабови дрвца, чии гранчиња и листови се симбол на бадниковата вечер во пресрет на големиот христијански празник Божик. Акцијата ќе ја изведат на долгогодишната локација каде што ги берат бадниковите гранчиња на Говрлевска Краста на јужните падини на Водно. - Подготвителни работи се извршени под надзор на професор Коле Василевски. Со помош на екипа од Општина Сопиште во каменитиот предел со механизација се ископани прописни дупки, расчистен е теренот на кој ќе ги посадат младите дапчиња, симболи на постоењето на Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје, информираат од Здружението. Идејата за засадувањето дабови дрвца е на почесниот член - бадникарскиот кум Љупче Николовски. дма/сп/

Остани поврзан