• вторник, 03 февруари 2026

„Ски Надја“ ќе стопанисува со ски лифтовите на Пониква во наредните 10 години

„Ски Надја“ ќе стопанисува со ски лифтовите на Пониква во наредните 10 години

Кочани, 30 јануари 2026 (МИА) - Фирмата ДООЕЛ „Ски Надја“ од денеска ги презема на стопанисување ски лифтовите на Пониква. Ова е епилогот од повторениот јавен повик за избор на најповолен понудувач што го распиша Општина Кочани.

„Ски Надја“, како оператор ќе стопанисува со ски лифтовите на зимско-рекреативниот центар Пониква на Осоговските Планини во наредните 10 години.

-Се обврзуваме дека ќе работиме професионално, одговорно и посветено на унапредување, одржување и развој на целокупниот скијачки центар Пониква, се наведува во соопштението на избраниот оператор. ис/вј/

Фото: Ски Надја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан