• понеделник, 23 декември 2024

Скијачки скокови: Триумф на Полјакот Жила во Кулм

Скијачки скокови: Триумф на Полјакот Жила во Кулм
Кулм, 15 февруари 2020 (МИА) - Полјакот Пјотр Жила победни на натпреварот од Светскиот куп во скијачки скокови што денеска се одржа во Кулм. До втората победа во кариерата, прва по пауза од седум години, тој стигна со летови од 225,5 метри во првата серија и 219,5 метри во втората што на крајот му донесоа 418,5 бода.
Второто место го освои Словенецот Тими Зајц (418,2 бода), трет резултат оствари Австриецот Штефан Крафт (414,6 бода).
Крафт е водечки во генералниот пласман во Светскиот куп со 1,173 бода пред Германецот Карл Гајгер кој има 1,095 и Полјакот Давид Кубацки со 985 бода. сѓд/

Остани поврзан