• петок, 22 ноември 2024

Скендер Реџепи ја формира партијата „Народно движење“

Скендер Реџепи ја формира партијата „Народно движење“

Скопје, 10 септември 2023 (МИА) – Пратеникот Скендер Реџепи ја формира партијата „Народно движење“.

На основачкото собрание, одржано вчера во Скопје избрани се органи на партијата, а за претседател на „Народното движење“ е избран Скендер Реџепи.

- „Движењето на народот“ Добар почеток на политичкото патување, патување кое ќе ни овозможи да ја зачуваме насоката која започна многу порано, но сега со новиот политички концепт под капата на народно движење. Нека ни е со среќа и Господ нека биде со нас, објави Реџепи на својот Фејсбук профил. 

Реџепи, недамна ја напушти партијата Алтернатива со која беше избран, и дејствуваше како независен пратеник во Собранието, по што и најави формирање на нова политичка партија. аа/

Фото: Фејсбук профил на Скендер Реџепи

Остани поврзан