• сабота, 21 декември 2024

Скај њуз: ЕУ и Велика Британија постигнаа договор за Северна Ирска

Скај њуз: ЕУ и Велика Британија постигнаа договор за Северна Ирска

Брисел, 27 февруари 2023 (МИА) - Велика Британија и Европската Унија постигнаа договор за трговскиот аранжман во Северна Ирска по Брегзит, изјави денеска висок британски владин извор, јави Скај Њуз.

Британскиот премиер Риши Сунак се очекува попладнево да го објави договорот, по средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на Лондон. Скај њуз информира дека средбата завршила и таа траела околу еден час и 45 минути.

Би-би-си пишува дека и европската страна го потврдила постигнувањето договор по разговорите кои траеја повеќе од една година. ссм/

Остани поврзан