• вторник, 09 јули 2024

Скариоло одбра 15 кошаркари за дуелот со македонската репрезентација

Скариоло одбра 15 кошаркари за дуелот со македонската репрезентација
Мадрид, 22 јуни 2022 (МИА) - Селекторот на Шпанија, Серџо Скариоло, го објави составот кој ќе настапи на дуелот со македонската кошаркарска репрезентација. Во групата од 15 кошаркари на списокот на Скариоло се најдоа: Џонатан Бареиро (Уникаха), Феран Басас (Хувентуд), Дарио Бризуела (Уникаха), Квино Колом (АЕК), Алберто Диаз (Уникаха), Дани Диез (Сан Пабло), Жаим Фернандез (Уникаха), Фран Гуера (Тенерифе), Ксабиер Лопез-Аростеги (Валенсија), Жоел Пара (Хувентуд), Хаиме Прадиља (Валенсија), Себас Саиц (Алварк Токио), Микел Салво (Гран Канарија), Јанкуба Сима (Бакси Манреса) и Сантиаго Јуста (Сарагоса). Се очекува на подготовките да биде и Тајсон Перез од Морбанк Андора кој ќе се приклучи подоцна, соопштија од Шпанската кошаркарска федерација. Натпреварот ќе се игра на 1 јули во Сарагоса. зс/

Остани поврзан