• понеделник, 08 јули 2024

Скариоло за Марканен: Најтешкиот противник за кој некогаш сум морал да се подготвувам

Скариоло за Марканен: Најтешкиот противник за кој некогаш сум морал да се подготвувам
Берлин, 13 септември 2022 (МИА) - Селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација Серхио Скариоло има голем респект спрема лидерот на финската селекција Лаури Марканен. Шпанија денес од 17:15 часот ќе се соочи со Финска во четвртфиналето на Евробаскет 2022. - Со оглед на стилот на игра на Марканен, ова е најтешкиот противник за кој сум морал да се подготвувам. Подготовката за овој натпревар е многу тешка. Противникот игра оригинално и нетипично, многу ефикасно, тактички е многу тешко да се анализираат. Имаат пет шутери, ѕвезда од светска класа, шутираат тројки почесто и подобро отколку што трчаат во транзиција. Проблемот е и тоа што не можете само да се фокусирате на задржување на Марканен, морате да ги задржите сите, тие имаат многу снајперисти, рече Скариоло. Покрај овој натпревар, вечер (20:30 часот) ќе се игра уште едно четвртфинале во кое се среќаваат Германија и Грција. зс/

Остани поврзан