• понеделник, 23 декември 2024

Скандал во Словенија: Работници во термоцентрала украле речиси 100 тони бакар

Скандал во Словенија: Работници во термоцентрала украле речиси 100 тони бакар

Љубљана, 16 јануари 2024 (МИА) - Словенија, според пишувањето на Кликс, ја тресе голем скандал откако беше откриено дека вработени во словенечката термоцентрала Шоштањ подолго време краделе бакар од потрошените блокови 1, 2, 3 и 4.

Според неофицијални информации, ископани и продадени се околу 100 тони бакар, пишува словенечки Вечер.

Весникот наведува дека е јасно оти кражбата не можела да биде извршена од поединци, туку од организирана група вработени, бидејќи за пристап до блоковите било потребно одобрение од повеќе претпоставени.

- Сфатија дека нешто не е во ред кога сакаа да го испумпаат отпадот од блок 4 и сфатија дека пумпата не работи бидејќи нема повеќе кабел, изјави неименуван сведок за Вечер.

Истрагата на полицијата е во тек, а словенечката полиција засега само потврди дека истражува една од фирмите на подрачјето поради сомнение дека сторила кривично дело голема кражба, за што е предвидена затворска казна до пет години. ссм/

фото: Википедија

 

Остани поврзан