• недела, 30 јуни 2024

Си Ен Ен: Следните 48 часа се клучни за Трамп

Си Ен Ен: Следните 48 часа се клучни за Трамп
Вашингтон, 3 октомври 2020 (МИА) - По обраќањето на лекарите кои рекоа дека американскиот претседател Доналд Трамп се чувствува добро, неименуван, добро информиран извор рече дека „виталните функции на претседателот во последните 24 часа се загрижувачки и дека следните 48 часа ќе бидат клучни“. Трамп сè уште не е на патот кон целосно закрепнување, изјави изворот кој побарал да остане неименуван, пренесува Си Ен Ен. Претходно, медицинскиот тим на Трамп соопшти дека тој е добро, дека не е на кислород и дека немал температура последните 24 часа. ссм/

Остани поврзан