• недела, 22 декември 2024

Сиљановска Давкова ја прими Рита Колумбиа, новоименуваниот постојан координатор на Обединетите Нации

Сиљановска Давкова ја прими Рита Колумбиа, новоименуваниот постојан координатор на Обединетите Нации

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Рита Колумбиа, новоименуван постојан координатор на Обединетите Нации во земјава со која разговараше за тековните активности и проекти коишто со поддршка на Организациите на ОН се реализираат кај нас при што беше нагласена досегашната одлична институционална соработка, на сите нивоа и области.

Како што соопштуваат од нејзиниот кабинет, претседателката Сиљановска Давкова, упатувајќи честитки за именувањето на функцијата, го изразила задоволството од досегашниот исклучителен придонес на Обединетите Нации во нашата европска интеграција, како и континуираната поддршка за земјата и за граѓаните.

Двете соговорнички разговарале за спроведувањето на рамката за соработка 2021-2025, како главен стратешки документ што ја утврдува работата на системот на ОН во земјава, а во согласност со националните развојни приоритети. сст/дма/

Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

 

Остани поврзан