• среда, 27 ноември 2024

Сијарто: Унгарија не го прифати предлогот на ЕУ за обука на украински војници

Сијарто: Унгарија не го прифати предлогот на ЕУ за обука на украински војници
Луксембург, 17 октомври 2022 (МИА) - Унгарската влада не го прифати предлогот на ЕУ за формирање мисија за обука на 15.000 украински војници на територијата на ЕУ, бидејќи тоа ќе доведе до опасност од ескалација на војната во Украина, изјави денеска во Луксембург унгарскиот премиер Петер Сијарто. Сијарто рече дека, во согласност со законот, не учествувал на гласањето на денешниот министерски состанок во Луксембург и дека бил единствениот претставник на земја-членка на ЕУ што го направил тоа, пренесува МТИ. Министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург го одобрија почетокот на мисијата ЕУМАМ Украина за обука на 15.000 украински војници на територијата на ЕУ и ѝ доделија на Украина нови 500 милиони евра за купување оружје. Сијарто истакна дека неговото отсуство за време на гласањето не ги спречило министрите за надворешни работи на Унијата да го усвојат предлогот, но дека Унгарија не сака да придонесе во финансирањето на операцијата. „Сè што води до ескалација не е нешто што мислиме дека е добра идеја“, рече Сијарто и оцени дека со тоа Централна Европа ризикува да биде воведена во конфликтот. паг/  

Остани поврзан