• недела, 22 декември 2024

Сијарто: Пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ ќе ја зајакне стабилноста во регионот

Сијарто: Пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ ќе ја зајакне стабилноста во регионот

Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) - Пристапувањето на Западен Балкан во Европската унија ќе ја зајакне стабилноста во регионот и безбедноста на континентот, а Унгарија ќе работи на забрзување на тој процес за време на нејзиното претседавање со Унијата, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на маргините на самитот на НАТО во Вашингтон.

Како што соопшти унгарското Министерство за надворешни работи, Сијарто смета дека стабилноста на регионот на Западен Балкан има големо влијание врз безбедноста во Европа.

„Бидејќи живееме во сенка на војната во последните две и пол години, не ни треба нов конфликт или нестабилност“, изјави Сијарто. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан