• четврток, 19 декември 2024

Сијарто: Неопходни промени во европската политика кон Африка и миграцијата

Сијарто: Неопходни промени во европската политика кон Африка и миграцијата

Брисел, 3 февруари 2024 (МИА) - Европската унија треба радикално да ја промени својата политика за миграцијата и Африка за да спречи појава на посериозни кризи, изјави денеска во Брисел унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

-Ако Брисел ја задржи сегашната миграциска политика, проблемите на африканскиот континент ќе ја погодат Европа, која „едвај ќе може да се справи со нив“, рече Сијарто на прес-конференција по неформалниот состанок на европските министри за надворешни работи во Брисел.

Тој истакна дека населението на Африка се зголемило за 590 милиони во последните 20 години и се проценува дека ќе се зголеми за дополнителни 750 милиони во следните 20 години, што само по себе е повеќе од вкупното население на Европа.

-Прашањето е дали африканското население, кое значително се зголемува, останува во Африка или се преселило во Европа. Одговорот зависи од тоа дали Африка ќе биде безбедно место во однос на физичките и економските карактеристики, додаде Сијарто.

Тој порача дека во Африка мора да се обезбеди безбедност и заштита од тероризам, како и економски развој, пренесуваат унгарските медиуми. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан