• сабота, 23 ноември 2024

Сијарто: Илегалната миграција и тероризмот се поврзани

Сијарто: Илегалната миграција и тероризмот се поврзани
Будимпешта, 19 ноември 2020 (МИА) - Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека илегалната миграција, растечката закана од тероризам и насилството врз основа на верски екстремизам се поврзани. На состанокот на Комитетот за надворешни работи тој додаде дека министрите за надворешни работи на ЕУ треба да разговараат за начините за запирање на миграцијата надвор од границите на ЕУ што е можно поскоро, пренесува МТИ. Исто така, се наведува дека тој предложил да се одржи дебата за миграцискиот пакет на Европската комисија, што, како што рече, ги охрабри луѓето кои размислуваат за патување во Европа. Сијарто рече дека задолжителната квота за населување на мигранти, која, како што рече, ЕК и „бриселските бирократи“ ја сакаат, треба веднаш да се тргне од дневниот ред, додавајќи дека сè додека е на сила, стотици илјади мигранти размислуваат да тргнат кон Европа. - Додека не се запре миграцијата, невозможно е да се запре ширењето на тероризмот и насилството во Европа, истакна Сијарто. паг/

Остани поврзан