• петок, 20 декември 2024

Сити тргнува по Холанд

Сити тргнува по Холанд
Манчестер, 11 февруари 2020 (МИА) - Манчестер Сити ги насочува силите кон сензацијата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд, тврди електронското издание „90 мин“. „Граѓаните“ гледаат во 19-годишниот Норвежанец наследник на искусниот Кун Агуеро, кој веќе наполни 30 години. Тимот најверојатно ќе понуди примамлива сума за услугите на Скандинавецот во текот на летото, но друго прашање е дали Дортмунд би се разделил со него само неколку месеци по доаѓањето во нивните редови. Холанд успеа да постигне 8 гола на 5 одиграни натпревари за „жолто-црните“, откако пристигна во тимот, а пред тоа имаше одличен период во австрискиот шампион Ред Бул Салцбург - како во локалниот шампионата, така и во Лигата на шампиони.

Тагови

Остани поврзан