• вторник, 05 ноември 2024

Сите шпански аеродроми погодени од прекин на ИТ

Сите шпански аеродроми погодени од прекин на ИТ

Мадрид, 19 јули 2024 (МИА) - Сите аеродроми во Шпанија пријавиле дека имаат проблеми поради прекин на ИТ, што денеска погоди компании ширум светот, соопшти аеродромскиот оператор „Аена“.

„Поради инцидент во ИТ системот, има прекини во системите на Aeнa и на аеродромските мрежи во Шпанија што може да предизвикаат одложувања“, објави операторот на X.

„Овој глобален технички инцидент главно влијае на резервациите и информациите на патниците“, додаде компанијата, велејќи дека некои операции продолжуваат благодарение на „мануелните системи“.

Шпанската држава поседува 51 отсто од Aeнa, најголемиот светски аеродромски оператор во однос на опслужените патници, со повеќе од 60 аеродроми, вклучувајќи 46 во Шпанија. паг/
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан