• вторник, 26 ноември 2024

Сите треба да учиме од капацитетот на Северна Македонија за интегрирање на различните заедници, порача Бун

Сите треба да учиме од капацитетот на Северна Македонија за интегрирање на различните заедници, порача Бун
Скопје, 16 ноември 2022 (МИА) – Северна Македонија е столб на стабилноста во регионот, во целиот Западен Балкан, и затоа е многу важно да сметаме на нејзиниот капацитет за интегрирање на сите различни заедници, нешто од што треба сите да учиме, изјави денеска француската државна секретарка за Европа Лоранс Бун. Одговарајќи на новинарско прашање дали Франција може да придонесе за спречување на понатамошна блокада од Бугарија, Бун рече дека Франција е таа која придонесе за деблокирање на состојбата и да се помогне на Северна Македонија да има европска перспектива. - Ќе продолжиме да ја придружуваме во овој амбициозен проект со крајната цел до 2030 година. Вакви дебати имаше и во Бугарија и навистина беше постигнат урамнотежен договор, почитувајќи ги црвените линии од двете страни и важно е да се истакне тоа, изјави Бун, на денешната прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски. аа/нд/

Остани поврзан