• среда, 17 јули 2024

Сиси и Барнс разговараа за напорите за прекин на огнот во Газа

Сиси и Барнс разговараа за напорите за прекин на огнот во Газа

Каиро, 9 јули 2024 (МИА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси и директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс денеска разговараа за напорите за постигнување примирје во војната во Појасот Газа, соопшти египетското претседателство.

„Претседателот го потврди ставот на Египет за отфрлање на продолжувањето на воените операции во Појасот Газа“, се вели во соопштението.

Високи американски функционери беа во регионот за да извршат притисок за прекин на огнот откако палестинската милитантна група Хамас направи неколку чекори назад минатата недела, но посочија дека новиот израелски напад врз Газа вчера ги загрози разговорите за примирје во решавачки момент.

Утре египетска безбедносна делегација ќе замине во главниот град на Катар, Доха, „со мисија да ги приближи ставовите меѓу Хамас и Израел за да може што поскоро да се постигне договор за прекин на огнот“, пишува египетскиот државен весник Ал- Кахера вести“.

Египет и Катар ги предводат напорите за посредување во деветмесечната војна меѓу Израел и Хамас со надеж дека ќе завршат борбите и ќе обезбедат ослободување на израелските заложници во замена за палестинските затвореници. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан