• недела, 22 декември 2024

Сириските демократски сили предупредуваат дека ИД останува сериозна закана за регионот и светот

Сириските демократски сили предупредуваат дека ИД останува сериозна закана за регионот и светот

Бејрут, 23 март 2024 (МИА) - Исламска држава (ИД), иако воено поразена, сепак претставува голема закана ширум светот, соопштија денеска Сириските демократски сили (SDF), опозициска воена алијанса предводена од Курдите и поддржана од САД.

Предупредувањето беше издадено на петгодишнината од поразот на ИД во Сирија и само неколку часа по терористичкиот напад во Москва во кој загинаа 143 и беа ранети уште 100-тина лица, за кој одговорноста ја презеде ИД.

Во соопштението на СДФ се наведува дека ИД како „терористичка организација продолжува да претставува голема опасност за нашиот регион и светот“ и „се обидува да се обнови себеси преку „заспани ќелии“ обидувајќи се да ги оживее своите соништа за враќање на контролата врз некои области“.

И покрај тоа што воено беа поразени „ќелиите и спијачите“ на ИД, како и нејзините сојузници во Африка и Азија, продолжуваат да вршат смртоносни напади во Сирија и соседен Ирак.

СДФ наведува дека за целосно да се искорени ИД, мора да се искорени „нејзината идеолошка основа“.

СДФ бара меѓународна помош за решавање на судбината на 10.000 заробени борци на ИД кои се држат во десетици затворски центри во североисточна Сирија, вклучително и околу 2.000 странски борци чии матични земји одбија да ги вратат назад.сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан