• петок, 05 декември 2025

Сириските граѓани го прославија укинувањето на американските санкции

Сириските граѓани го прославија укинувањето на американските санкции

Дамаск, 14 мај 2025 (МИА) - Градовите во Сирија беа исполнети со славје доцна синоќа, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека американските санкции против Сирија ќе бидат укинати, пренесе ДПА.

Спонтани улични прослави и колони од автомобили се одвиваа во големите градови, при што сириските граѓани вееја знамиња и скандираа на плоштадите. Укинувањето на санкциите следува по посредничките напори што ги водеше саудискиот престолонаследник, принц Мохамед бин Салман.

Пораки на благодарност и честитки брзо се проширија на социјалните мрежи, одразувајќи го националното чувство на олеснување.

„Укинувањето на санкциите претставува втора победа над претходниот режим што ја уништи Сирија и доведе до наметнување на овие санкции“, изјави писателот и политички аналитичар Кусај Ал Абд. Тој додаде дека санкциите го осакатиле сириското раководство и народот, спречувајќи значителен напредок во последните месеци.

Во историскиот кварт Ал-Мидан во Дамаск, стотици граѓани излегоа на улиците и изразија поддршка за новата сириска влада.
„Сите на пазарот слават. Овие санкции го казнуваа сирискиот народ, а не режимот. Претходното раководство дури ги користеше како изговор за воведување нови даноци и такси“, изјави Мохамед Јасин, сопственик на продавница.

На плоштадот со историскиот часовник во градот Хомс, во централна Сирија, стотици граѓани се собраа на прослава. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан