Сириските бунтовници го поставија Мохамад ал Башир на чело на преодната влада
- Мохамад ал-Башир досега ја предводеше „Владата на спасот“ од бунтовничкото упориште Идлиб, во северозападна Сирија.
Дамаск, 10 декември 2024 (МИА) - Бунтовниците кои ја презедоа власта во Сирија денеска го назначија Мохамед ал-Башир на чело на преодната влада, а таму ќе остане до 1 март 2025 година, објави сириската телевизија.
Мохамад ал-Башир досега ја предводеше „Владата на спасот“ од бунтовничкото упориште Идлиб, во северозападна Сирија.
Сириската влада падна пред два дена, рано утрината, со што беше означен крајот на 50-годишното владеење на семејството Асад, откако во претходно бунтовниците изведоа запрепастувачки брза офанзива низ целата сириска територија, доаѓајќи за десет дена и до главниот град Дамаск.
Соборениот сириски претседател Башар ал Асад со семејството замина во Москва, каде што доби азил.сд/
фото:Скриншот Телеграм