• понеделник, 23 декември 2024

Сириската војска изврши ракетен напад врз позициите на екстремистите во Идлиб

Сириската војска изврши ракетен напад врз позициите на екстремистите во Идлиб
Дамаск, 23 јуни 2020 (МИА) - Сириските владини трупи извршија ракетен напад врз позициите на терористичката група Џабхат ал Нусра во провинцијата Идлиб, објави денеска порталот „Ал-Масдар“. Командата на сириската армија издаде наредба за отворање оган врз терористите, откако беспилотните летала на оваа екстремистичка група се обиделе да ја нападнат руската воздушна база Хмеимим, јави ТАСС. Беспилотните летала биле забележани над крајбрежниот град Џаблех и биле елиминирани со противвоздушна одбрана. Сириската армија потоа го уништила командното место и позициите на екстремистите во близина на градот Ал-Бар. паг/

Остани поврзан