• сабота, 18 мај 2024

СИПА во Мостар врши претрес на приватни факултети поради сомнение дека издавале фалсификувани дипломи

СИПА во Мостар врши претрес на приватни факултети поради сомнение дека издавале фалсификувани дипломи

Мостар, 15 јануари 2024 (МИА) -  Припадници на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) вршат претрес во приватни високообразовни установи во областа на Мостар, поради сомнение дека издавале фалсификувани дипломи.

Акцијата „Кластер“ се спроведува по налог на Судот на Босна и Херцеговина, а од приватните факултети во Мостар се одземаат документи и сомнителни студентски досиеја, соопшти СИПА.

Привременото одземање на документација се врши поради постоење основи на сомнение дека се сторени кривични дела „Организиран криминал“, „Недозволена трговија“ и „Перење пари“, како и „Злоупотреба на положба или овластување“, „Фалсификување или уништување службена исправа“. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан