• вторник, 13 јануари 2026

Син со 2,33 промили алкохол во крвта се заканувал на мајка си во демиркаписко 

Син со 2,33 промили алкохол во крвта се заканувал на мајка си во демиркаписко 

Демир Капија, 6 јануари 2026 (МИА) - Син со 2,33 промили алкохол во крвта се заканувал на мајка си во демиркаписко.

Од Секторот за внатрешни работи - Велес информираа дека денеска бил лишен од слобода бил 51-годишник од село во демиракаписко, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом и се заканувал на неговата 75-годишна мајка. 

Полициски службеници од ОВР - Неготино, утрово во три часот го лишиле лицето од слобода. При преземање мерки, кај него биле измерени 2,33 промили алкохол во крвта.

-Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, потенцираа од СВР - Велес. свд/фф/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан