• понеделник, 23 декември 2024

Синот на Леброн Џејмс се пријави на НБА драфтот

Синот на Леброн Џејмс се пријави на НБА драфтот

Лос Анџелес, 6 април 2024 (МИА) - Брони Џејмс, синот на кошаркарската легенда Леброн Џејмс, ќе влезе во овогодинешниот НБА драфт, а веста ја соопшти самиот тој. Секоја година по завршувањето на сезоната, триесетте екипи од најсилното првенство во светот во две кола избираат 60 од најталентираните кошаркари.

Деветнаесет годишниот бек ја помина својата прва сезона на колеџ, каде играше за Универзитетот во Јужна Калифорнија, но со мал успех. Тој имаше просек од само 4,8 поени, 2,8 скока и 2,1 асистенции на 25 натпревари.

Веста за неговата одлука доаѓа помалку од една година откако Џејмс Џуниор доживеа срцев удар за време на тренингот на неговиот тим. Бекот од 194 сантиметри ја објави својата одлука на социјалните мрежи, додавајќи дека доколку сепак одлучи да остане на факултет, што е многу веројатно, тоа ќе го направи во друго училиште од сегашното.
 
-Имав година со подеми и падови, но тоа ми помогна да станам уште посилен. Донесов одлука да учествувам на НБА драфтот, но во исто време да ги задржам правата како студент спортист и паралелно да станам дел на трансфер порталот на НЦAA. Благодарам на Јужна Калифорнија за неверојатната прва година во колеџ кошарката, напиша Брони.

Неговиот татко Леброн моментално игра за Лос Анџелес Лејкерс и важи за еден од најголемите во историјата на кошарката. Џејмс Сениор никогаш не ја криел желбата да игра покрај Брони во НБА.

Неодамна стана првиот играч кој постигнал 40.000 поени во Асоцијацијата. На крајот на годината ќе наполни 40 години, но се уште не објавил крај на кариерата.дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан