• вторник, 02 јули 2024

Синехубов: Едно лице загина, две се повредени во руски напад во областа Харков

Синехубов: Едно лице загина, две се повредени во руски напад во областа Харков

Киев, 3 јуни 2024 (МИА) - Едно лице загина, а две се повредени во напад на руските сили врз областа Харков, соопшти денеска гувернерот Олех Синехубов.

Тој изјави дека во нападот се оштетени објекти на рекреативниот центар во областа Змивски, пренесуваат британските медиуми.

Руските напади врз Харков, центарот на Харковската област, која граничи со Русија, зачестија во последните недели откако руската војска започна нова офанзива во областа.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан