• петок, 05 декември 2025

Синер: Натпреварот со Ѓоковиќ ќе биде многу тежок

Синер: Натпреварот со Ѓоковиќ ќе биде многу тежок

Париз, 5 јуни 2025 (МИА) - Светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер, очекува тактички тежок натпревар против Србинот Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос. Во четвртфиналната фаза, Синнер го победи претставникот на Казахстан Александар Бублик, а Ѓоковиќ го надигра Германецот Александар Зверев.

-Новак покажа дека се врати на врвно ниво. Сега игра многу, многу добро, па натпреварот ќе биде тактички и многу тежок. Тој е неверојатно искусен - 24 Гренд слем титули зборуваат сами за себе. Само сум среќен што сум во полуфиналето и сакам да видам што можам да направам. Минатата година играв добро во полуфиналето, па сум горд што повторно стигнав до оваа фаза. Ќе мислам на себе, а потоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите, вели Синнер, цитиран од „Убитенис“.

Натпреварот меѓу тенисерите ќе се одржи во петок, 6 јуни. Резултатот во нивните средби моментално е 4:4. дс

Фото: Архива

Остани поврзан