• петок, 22 ноември 2024

Синер именуван за амбасадор на Зимските олимписки игри 2026 во Италија

Синер именуван за амбасадор на Зимските олимписки игри 2026 во Италија

Рим, 20 септември 2024 (МИА) - Светскиот рекет број еден Јаник Синер ќе стане амбасадор на Зимските олимписки игри 2026 година во Милано и Кортина д'Ампецо, Италија, објави прес-службата на Игрите.

- Горд сум што сум дел од олимпискиот тим во 2026 година, бидејќи ова е искуство кое се случува еднаш во животот, кое ќе ни донесе емоции, нови пријателства и неочекувани средби. Но, пред сè, тоа ќе ни овозможи да бидеме дел од еден извонреден проект - Зимските олимписки и Параолимписки игри во Милано и Кортина д'Ампецо, рече Синер.

Тенисерот не учествуваше на Летните олимписки игри во Париз. Тој се повлече од турнирот поради здравствени проблеми.

Дваесет и тригодишниот Синер годинава Австралија Опен и УС Опен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан