• петок, 22 ноември 2024

Синер за можната дисквалификација: Јас сум многу разочаран и изненаден

Синер за можната дисквалификација: Јас сум многу разочаран и изненаден

Пекинг, 28 септември 2024 (МИА) - Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја коментираше веста дека Светската агенција за борба против допингување (ВАДА) планира да му биде доделена дисквалификација.

- Искрено, јас сум многу разочаран и изненаден од оваа жалба на ВАДА. Имавме три сослушувања, сите завршија многу позитивно. Сега одеднаш доаѓа оваа информација. Знаете, не го очекував ова. Иако пред неколку дена имаше навестување дека тие ќе се жалат, сепак ова е изненадување, рече Синер на прес-конференција по повод одлуката на ВАДА.

Во август се дозна дека Синер пролетта помина два позитивни теста за анаболен стероиден клостобол. Независен трибунал донесе одлука дека забранетата супстанција се најде во телото на тенисерот поради невнимание на неговиот физиотерапевт кој го масирал без ракавици. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан