• недела, 29 септември 2024

Синер е ослободен од сите обвиненија за допинг

Синер е ослободен од сите обвиненија за допинг

Монтреал, 10 септември 2024 (МИА) - Светската антидопинг агенција (ВАДА) одлучи да не ја обжали одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ИТИА) до Судот за спортска арбитража (КАС) во Лозана, откако агенцијата пресуди дека Италијанецот Јаник Синер не направил ништо за намерно да се допингува, пренесе „Кориере дела Сера“.

ИТИА на 20 август соопшти дека Синер двапати бил позитивен на забранетата супстанција клостебол во март оваа година за време на Мастерсот во Индијан Велс.

„Кориере дела Сера“. наведува дека Секретаријатот на КАС потврдил дека ВАДА не поднела жалба против пресудата на ИТИА, со која Синер беше ослободен од сите обвиненија за допинг.

Исто така, се потсетува дека ВАДА имаше рок од 21 ден да поднесе жалба на пресудата на ИТИА, која истече.

Италијанските медиуми јавуваат дека ВАДА не се противи на пресудите на независните агенции во атлетиката, велосипедизмот и тенисот, бидејќи тие се покажале како оправдани од правен аспект. дс

Фото: Архива

Остани поврзан