• вторник, 05 ноември 2024

Синдикатот на АД ЕСМ  во интензивни преговори за покачување на платите на вработените

Синдикатот на АД ЕСМ  во интензивни преговори за покачување на платите на вработените

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Синдикатот на АД ЕСМ работи заедно со Управниот одбор на АД ЕСМ за дополнително зголемување на платата на сите вработени по основ на раст на животни трошоци кои се објавени од Државен завод за статистика, информираат од компанијата.

Нагласуваат дека разговорите со Управниот одбор се уште се во тек и се очекува зголемување на платата на сите вработени до крајот на оваа година.

-Како и изминатите година и оваа се поднесе барање за исплата за регрес за годишен одмор за 2023 година во висина од 100 отсто и истото беше реализирано, на секој вработен во АД ЕСМ му беше исплатен регрес за годишен одмор во висина од 100 отсто, согласно Законот за работни односи. Иако преговорите за покачување на платите се уште се во тек, сепак согласно досегашните разговори укажуваат дека набрзо ќе се постигне договор кој ќе биде во интерес и за добро состојба на сите вработени, велат од ЕСМ. вј/дма/

Фото: ЕСМ

Остани поврзан