• понеделник, 23 декември 2024

Синдикалната минимална кошничка во јануари 33.650 денари

Синдикалната минимална кошничка во јануари 33.650 денари
Скопје, 15 февруари 2021 (МИА) - Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за јануари 2021 година изнесува 33.650 денари. Како што соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), од елементите што ја сочинуваат кошничката, на исхрана и пијалаци отпаѓаат 14.021,96 денари, на домување 10.817,34, на хигиена 2.375,68, на превоз 2.483,93, на облека и обувки 2.157,25, на култура 1.067,86, додека на одржување на здравје 726,25 денари. Повикувајќи се на Државниот завод за статистика, ССМ потсетува дека просечната нето-плата во ноември лани била 27 588,00 денари. Тогаш, вредноста на Синдикалната минимална кошничка била 33.742,10 денари. сст/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан