• недела, 22 декември 2024

Синг: Пентагон не е загрижен за напредувањето на украинските сили на руска територија, кај Курск

Синг: Пентагон не е загрижен за напредувањето на украинските сили на руска територија, кај Курск

Вашингтон, 9 август 2024 (МИА) – Пентагон не е загрижен за напредувањето на украинските сили во руската област Курск, изјави денеска портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.

-Не, бидејќи на крајот на денот, Украина се бори за својата суверена територија, која е нападната од соседна земја. Затоа, ако сакаме да ги деескалираме тензиите, како што кажавме од почетокот, најдобар начин за тоа е Путин денеска да донесе одлука за повлекување на своите сили од Украина, рече Синг на прашањето за потенцијалната ескалација на тензиите поради влегувањето на украинските сили во регионот Курск.

Портпаролката на Пентагон нагласи дека Украина прави се што е можно за да продолжи да ја ослободува својата суверена територија, а настаните во регионот Курск се вклопуваат во тоа сценарио.

-Ова не е ескалација, додаде таа.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина со системите што им се потребни. Не го сметаме ова за ескалација во која било смисла. Украина го прави тоа што треба да го направи за да биде успешна на бојното поле“, изјави портпаролката на Пентагон.

Таа нагласи дека напредувањето на Украина во регионот Курск е во согласност со американската политика, иако таа истакна дека САД се уште се противат на нападите со ракети од долг дострел врз руска територија.сд/

Остани поврзан