• понеделник, 23 декември 2024

Симулација на постапка пред Европскиот суд за човекови права на Правниот факултет во Штип

Симулација на постапка пред Европскиот суд за човекови права на Правниот факултет во Штип

Скопје, 5 декември 2024 (МИА) - Симулација на постапка пред Европскиот суд за човекови права, ќе се одржи денеска со почеток во 12.00 часот, во Судницата на Правниот факултет при УГД – Штип.

Настанот ќе биде изведен од страна на студентите кои претходно учествувале на меѓународни натпревари по истата тематика.

Со овој настан, се одбележува и Меѓународниот ден на човековите права, а истиот е дел од активностите на Центарот за меѓународно право и меѓународни односи при Правниот факултет - Универзитетот „Гоце Делчев“ кој е член на Open Council of Europe Academic Networks (OCEAN) мрежата при Советот на Европа, наведуваат од факултетот. вг/нд/

Фото: Плакат

 

Остани поврзан