• понеделник, 23 декември 2024

Симовски: ДЗС нема побарано продолжување на Пописот, очекуваме дека ќе завршиме во законскиот рок

Симовски: ДЗС нема побарано продолжување на Пописот, очекуваме дека ќе завршиме во законскиот рок
Скопје, 29 септември 2021 (МИА) - Државниот завод за статистика досега нема побарано продолжување на Пописот 2021. Согласно сегашните процеси, очекуваме и уверени сме дека ќе завршиме во законскиот рок, изјави вечерва за МИА директорот на ДЗС Апостол Симовски. Симовски, појасни дека ако требало ќе побарале продолжување пред пет дена, а не на последниот ден. - Нас ни е битно да бидат опфатени сите објекти за домување. Ние имаме своја технологија по која го следиме процесот и ќе знаеме дали и кога точно ќе го завршиме процесот. Согласно сегашните процеси, очекуваме и уверени сме дека ќе завршиме во законскиот рок, изјави Симовски за МИА. Согласно Законот за попис, утре е последниот 26-ти ден од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година, кој започна на 5 септември. аа/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан