Симиќ: Швајцарија има подобар ростер од претходните наши ривали
- Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 20 години, Тони Симиќ, очекува тежок дуел попладнево со Швајцарија на турнирот во унгарски Шопрон.
Шопрон, 22 јули 2021 (МИА) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 20 години, Тони Симиќ, очекува тежок дуел попладнево со Швајцарија на „Челенџерот“ во унгарски Шопрон.
Овој меч веројатно е одлучувачки за првото место во групата.
- Без оглед на поразот од Луксембург, сметам дека Швајцарија има подобар ростер, и дека денеска нè очекува уште потежок натпревар во однос на првите два. Го откажавме утринскиот тренинг, дечките треба малку да одморат. Три натпревари во три дена, тоа е убиствен ритам. Очекувам да одиграме уште подобро против Швајцарија и да бидеме дел од полуфиналето, изјави Симиќ.
Победата на Луксембург против Швајцарија ги направи работите во оваа група уште понеизвесни. Па последниот трет круг од натпреварите ќе го донесе расплетот во оваа прва фаза од турнирот. Ако македонските кошаркари ја победат Швајцарија, остануваат први во групата, и во полуфиналето ќе разигруваат против второпласираниот од групата „Е“ (Белорусија или Унгарија). зс/