• недела, 22 декември 2024

Симиќ повеќе не е тренер на Шкупи

Симиќ повеќе не е тренер на Шкупи

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) – Тони Симиќ е првиот тренер од Првата македонска кошаркарска лига кој ја напушти функцијата. Шкуши и Симиќ ја прекинаа соработката по само три одиграни кола.

- КК Шкупи соопштува дека со меѓусебен договор главниот тренер на клубот Тони Симиќ ја раскинува соработката со клубот. Клубот му се заблагодарува на Симиќ за неговата работа и посветеност додека беше тренер на екипата и му посакуваме успех во кариерата. Благодариме Тони, стои во информацијата на Шкупи.

По три одиграни кола Шкупи е без победа. Загуби од МЗТ Скопје Аеродром, Работнички и Чаир.

Заедно со Вардар, Шкупи е на дното на првенствената табела. зс/

Фото: КК Шкупи

Остани поврзан