• понеделник, 23 декември 2024

Симболичен настап на македонските нордијци на спринтот на СП

Симболичен настап на македонските нордијци на спринтот на СП

Планица, 23 февруари 2023 (МИА) – Македонските натпреварувачи Ставре Јада и Дарко Дамјановски денес го имаа својот прв настап на Светското првенство нордиски дисциплини што се одржува во Словенија.

Јада денешната трка во рамките на квалификациите за спринтот класично 1,4 км ја заврши на 108. место со време 3:58,56 минути, односно 1:03,06 минута побавно од најдобриот резултат на Норвежанецот Ерик Валнер.

Дамјановски квалификациите ги заврши за 4:03,63 минути, доволно за 111. место.

Во женска конкуренција, македонската претставничка Ана Цветановски го освои 85. место со време 4:56,94 минути. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан