• вторник, 19 ноември 2024

Силјановска: Во Уставот има посебна глава за вонредна состојба, а пристапот е рестриктивен

Силјановска: Во Уставот има посебна глава за вонредна состојба, а пристапот е рестриктивен
Скопје, 18 март 2020 Вечерва во емисијата „Што не е јасно“ гостуваше професорката Гордана Силјановска Давкова која што посочи дека во македонскиот Устав има посебна глава што се однесува на вонредна и воена состојба, а пристапот е рестриктивен, а не екстензивен. Кај нас вонредна состојба може да се прогласи само заради елементарни непогоди и епидемии. Во поекстензивните устави тоа може и во случај на немири, терористички напади, поголеми штарајкови. Добро е што немаме ваков пристап затоа што ова немаше да биде прв пат да имаме вонредна состојба, појасни професорката Горадана Силјановска Давкова. Професорката Силјановска Давкова додаде дека во нашиов случај вонредната состојба е врзана за пандемијата и епидемијата, зошто Собранието е распуштено и обврската ја презеде претседателот. Силјановска објасни дека во случај на воена и вонредна состојба да се носат закони, ингеренцијата најчесто е во рацете на претседателите, а кај нас на Владата. Ситуацијата бара оперативност, брза реакција, ефективност и кога тоа е еден човек гаранцијата е поголема, отколку што тоа е случај со парламентот. Кај нас, кај владата се сега овие ингеренции, кај другите земји кај претседателите, образложи Силјановска. Професорката додаде дека уставна категорија е вонредна состојба, но не е конкретизирана со закон. Со закон, додаде таа, е конкретизирана кризна состојба која пак не е уставна категорија што е чудно. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан