• петок, 13 март 2026

Силниот земјотрес во Италија почувствуван и во Хрватска, БиХ и Словенија

Силниот земјотрес во Италија почувствуван и во Хрватска, БиХ и Словенија
Загреб, 9 ноември 2022 (МИА) - Силниот земјотрес што утрово беше регистриран во Централна Италија беше почувствуван во западните делови на Хрватска, долж Јадранско Море, во Словенија и во Босна и Херцеговина. Централна Италија утрово во седум часот и седум минути беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала. Потресот бил на длабочина од 10 километри, со епицентар на 64 километри источно од Римини и 35 километри североисточно од Пезаро, каде живеат 77.000 луѓе. Потоа уследија последователни земјотреси со интензитет од 2,4 до 4,1 степени. Земјотресот бил почувствуван во речиси цела Централна и Северна Италија. Италијанска новинска агенција АНСА, повикувајќи се на очевидци, пожарникарите и цивилната заштита, објави дека земјотресот не предизвикал материјална штета. ми/

Остани поврзан