• понеделник, 20 мај 2024

Силна експлозија во џамија во Кабул, има загинати и повредени

Силна експлозија во џамија во Кабул, има загинати и повредени
Кабул, 17 август 2022 (МИА)  -   Силна експлозија одекна за време на вечерна молитва во џамија во Кабул и се стравува дека има многу загинати и повредени, соопшти полицијата. Претставник на талибанското разузнавање изјави дека можеби се убиени или повредени 35 лица. Ал Џезира објави, цитирајќи неименуван функционер, дека загинале 20 луѓе. Болницата во Кабул на Твитер објави дека примила 27 повредени, меѓу кои и седумгодишно дете. Нападот се случил во населбата Каир Кан. Меѓу загинатите е и имамот на џамијата. зш/

Остани поврзан