• недела, 08 февруари 2026

Силна експлозија во хемиска фабрика во Австрија, едно лице загина

Силна експлозија во хемиска фабрика во Австрија, едно лице загина
Виена, 5 мај 2022 (МИА) - Едно лице загина, а две се повредени во експлозија на гас што попладнево се случи во Кремс, Австрија.
Експлозијата се случила нешто по 13 часот и 30 минути во хемиска компанија во Кремс. Во тоа време се одвивале работи за реновирање на зградата.
Според командантот на окружната противпожарна бригада Мартин Бојер, две лица биле во зградата кога се случил инцидентот.
Во моментов на терен се околу 60 пожарникари, а причината за експлозијата се уште не е позната. паг/
   

Остани поврзан