Силен циклон стигнува до брегот на Фиџи, населението во состојба на готовност
- Циклонот Јаса се придвижува кон Фиџи и станува се посилен, предупредија денеска локалните власти и апелираат до населението да биде во готовност.
Сува, 17 декември 2020 (МИА) - Циклонот Јаса се придвижува кон Фиџи и станува се посилен, предупредија денеска локалните власти и апелираат до населението да биде во готовност.
Циклонот е петта, највисока категорија, и го следат налети на ветер од 325 километри на час.
Се очекува невремето да не поштеди ниту еден остров во архипелагот во Океанија.
Делови од некои острови се веќе поплавени, а патиштата се непроодни.
Најсилниот удар на циклонот се очекува попладнево.
Властите предупредија дека штетата може да биде поголема отколку во налетот на циклонот Винстон во 2016 година, кога во невремето загинаа 44 лица. паг/