• петок, 22 ноември 2024

Силен земјотрес ја погоди индонезиската провинција Папуа

Силен земјотрес ја погоди индонезиската провинција Папуа

Џакарта, 30 декември 2023 (МИА) – Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди индонезиската провинција Папуа, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од 46 километри, а епицентарот бил на 179 километри западно-југозападно од градот Џајапур на островот Нова Гвинеја.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. јт/

Остани поврзан